Велигден

Велика Сабота, денот пред радосната вест за воскресението на Исус Христос

15.04.2023 10:44

Православните верници денеска ја одбележуваат Велика Сабота, денот пред радосната вест за воскресението на Исус Христос. Македонска црковно-државна делегација е во Ерусалим. Треба да го преземе Благодатниот оган од базиликата на Светиот Гроб...

Со молитви во мир и тишина, православните верници ја одбележуваат Велика Сабота, вториот најтажен ден во христијанството, денот пред радосната вест за воскресението на Исус Спасителот. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник-Велигден.

Точно на полноќ, биењето на камбаните ќе го означи Христовото воскресение. За Христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта, и доброто над злото. Верниците ги посетуваат црквите, палејќи свеќа со желби за здравје и благосостојба.

Македонска црковно-државна делегација во Ерусалим за преземање на Благодатниот оган од базиликата на светиот гроб. Вечер во земјава свечена церемонија за предавање на благодатниот оган во храмовите.