МВР

Приведен анестезиологот кој снимал и објавувал пациенти на „тик ток“

15.04.2023 11:06

Во тетовско Одри, полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница Тетово...

На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри, полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В., директор на Клиничка болница Тетово дека В.Д., вработен како анестезиолог во болницата, снимал и објавувал преку мрежата „тик ток“ лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.