воен конфликт

Тешки битки за Бахмут

15.04.2023 12:52

Во Украина тешки борби за Бахмут. Финска ја зацврстува оградата на границата со Русија, само две недели откако влезе во НАТО. Заменик претседателот на рускиот совет за безбедност Медведев порача дека Полска може да исчезне ако почне војна меѓу Русија и Алијансата...

Тешки борби за Бахмут и Славјанск. Киев тврди дека се погодени станбени згради со проектили С-300.

„Не поминува ни час неделава пред Велигден а да нема убиство од Русите. Оваа земја е зла и губи“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Битките на фронтот не ги попречија празнувањата на велигденските празници.

„Празнуваме како лани и секоја друга година, но сфативме дека е многу тешко да ја искажеме секоја молитва како пред војната“, изјави Отец Лаврентиј Живчик Архимандрит.

Финска веќе почна да го гради првиот дел од оградата на границата со Русија, само две недели откако влезе во Алијансата.

„НАТО е силна поддршка, имаме силна војска, добро опремена“.

„Се потпирам на финската армија, можеме да си ја браниме државата. Не се плашам“.

Во меѓувреме, покренато е обвинение против припадникот на Воздухопловството на Националната гарда на Масачусетс Џек Тексера поради објавувањето податоци од Пентагон во кои се споменуваат детали за украинската војна.

„Сигурен сум дека не се покриени важни одлуки за нашата контраофанзива. Плус, постојат многу опции за контраофанзивата“.

„Се надевам дека нашите американски партнери ќе сфатат кои се грешките. Од тоа што било изнесено, објавено во медиумите, постојат вознемирувачки факти“.

Неговите познаници тврдат дека Тексера отсекогаш покажувал интерес за војската, но и за интернетот.

„Секогаш се дружеше со такви групи. Воопшто не размислував за него досега. Сакаше да биде во војската. Тие играа видео-игри“, изјави Хејден Елинвуд, познаник на Тексера.

Тексера беше уапсен во четвртокот.

 

Маја С. Филдишев