празник

Православните верници ја одбележуваат Велика Сабота, денот пред радосната вест за воскресението на Исус

15.04.2023 14:45

Со молитви во мир и тишина, православните верници денеска ја одбележуваат Велика Сабота, денот пред најрадосната вест за воскресението на Исус Спасителот. Во православните храмови велигденски литургии...

Православните верници ja чествуваат Велика Сабота, ден меѓу смртта и воскресението. Се празнува во молитва, мир и тишина, како ден на жалост за распнатиот Христос. Се прават последните подготовки за Велигден.

Верниците за најголемиот христијански празник посакувааат да имаат мир, здравје благосостојба за себе и за своите семејства. Радосната вест за Христовото Воскресение се означува со полноќното биење на камбаните.

На Велигден се празнуваат љубовта и мирот. Триумф на животот над смртта. Ден кога со воскреснувањето, Христос ја докажал својата божествена моќ, а Бог ја потврдил својата љубов кон човекот.

 

Игор Панов