Жителите на пет општини од Повардарието ќе можат електронски да аплицираат за потребните документи
Наместо да одат по општинските шалтери, за да ги добијат потребните документи, жителите од пет општини од Повардарието добија можност да аплицираат електронски и така да ја добијат документацијата. Проектот се реализираше преку УНДП…

Жителите на пет општини од Повардарјето, наместо да одат и ги посетуваат зградите на локалните власти, добија можност општинските услуги да ги добиваат од дома, електронски. Околу 70 илјади граѓани од регионот можат да добиваат 25 услуги на овој начин. Изработен е LoGeS, првиот софтвер за е-услуги на локално ниво во државата.
Проектот кој се работеше девет месеци, финансиски е помогнат од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) и Бирото за регионален развој во висина од три милиони денари. Ова е практична материјализација на принципот на ОН „Никој да не биде изоставен“ со што во пракса се покажува дека сите граѓани се еднакви.
Општините вклучени во него се Велес, Лозово, Градско, Росоман и Демир Капија.
Граѓаните доколку сакаат по сопствен избор, може да одат на општинските шалтери и да добијат потврди на хартија.
Петар Печков
