празник
Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Скопје
15.04.2023 20:51
Оганот ќе биде раширен низ православните храмови во државата каде вечерва ќе се одржат литургии по што на полноќ со биење на камбаните ќе биде објавено Воскресението Христово...

На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва беше пречекана државната и црковната делегација која за прв пат од базиликата на Светиот Гроб го презема и го донесе во земјава Благодатниот оган. Историски чин за граѓаните и за МПЦ-Охридска Архиепископија.
Оганот ќе биде раширен низ православните храмови во државата каде вечерва ќе се одржат литургии по што на полноќ со биење на камбаните ќе биде објавено Воскресението Христово. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан традиционално ќе богослужи во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
