Тенис – мастер 1000 Мадрид

Четврто мадридско финале за Надал!

10.05.2014 18:42

Иако беше апсолутен фаворит, Рафаел Надал мораше да одигра на високо ниво за да се пласира во четвртото финале на Мадрид Опен. 6:4 и 6:3 за најдобриот светски тенисер Надал во полуфиналето против шпанскиот сонародник Роберто Баутиста Агут. Со првиот пласман меѓу четирите најдобри на турнир од мастерс серијата 1000, Баутиста од понеделник ќе биде 27 на АТП листата и големиот напредок во кариерата го потврди во првата пресметка со Рафа.

Клучни беа под двата брејка што Надал ги направи во обата сета, но Баутиста го принуди светскиот рекет број еден да одработи квалитетен дуел, можеби и над планираното. Во ситуација кога направија приближен број неизнудени грешки, Баутиста 26, Надал 21, решавачки беа повеќето директни поени на Рафа вкупно 26, за разлика од оние 14 на Агут.

Во трите претходни финалиња вклучувајќи го и минатата сезона, Надал го освојуваше трофејот во Мадрид и утре во 39-то меч за мастерс пехар ќе игра против победникот од дуелот Давид Ферер – Кеи Нишикори.

Во досегашните шест меѓусебни дуели и двајцата имаат по три триумфи. Шпанецот сезонава има голема победа во четвртфиналето на Монте Карло против Надал, додека Јапонецот е во серија од 13 триумфи и в понеделник ќе биде првиот од „земјата на изгрејсонцето“ меѓу десете најдобри тенисери во светот.