Прилеп

Велигденско славење во Алинци

16.04.2023 11:03

Велигден е најрадосен празник. За жителите на прилепското село Алинци уште повеќе зашто ја имаат селската слава и црквата „Воскресение Христово“. Не е како некогаш со славење сред село, ама на гости ќе им дојдат најблиските каде и да се...

Именувано според турскиот ага Алија, прилепско Алинци живее со традициите и адетите. Речиси 50 години старата црква е крстена „Воскресение Христово“, а селската слава на Велигден ги враќа и некогашните жители за најрадосниот празник. Ќе го има и јагнето на трпезата.

Алинци го живее животот на македонските села – иселувањето. Сега со 170-тина, а некогаш со 500 жители. Велигденските слави ги разлевале песната и радоста низ Пелагонија. Надежно е што се опстојува. Го имаат и училиштето со 12-тина дечиња.

Кој милува, нека дојде нагости во прилепско Алинци. За Велигден и за селската слава.

 

Елизабета Митреска