празник

Православните верници го слават Велигден

16.04.2023 12:42

Христос воскресна, вистина воскресна. Православните верници го слават најсветлиот празник во христијанството, воскресението на Исус Спасителот. Во сите храмови во земјава се одржа воскресна литургија. Голем број верници изутрината во Соборниот храм Св.Климет Охридски во Скопје, присуствуваа на литургијата со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан...

Камбаните ја соопштија радосната вест, верниците ги наполнија црквите. Во храмовите литургии. Православните христијани го слават најголемиот и најсветлиот од сите празници – Велигден, воскресението христово, кога според верувањата, Синот Божји станал од мртвите и ја победил смртта. Со зборовите „Христос воскресна – навистина воскресна“, верниците ја споделуваат радосната вест, си посакуваат здравје, среќа и нова надеж.

Да се чуваме од меѓусебни поделби кои водат до нарушување на нашето сенародно единство – порача во посланието, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

„Годинашниов Велигден, за првпат по забранувањето на дејноста на Охридската Архиепископија во 1.767 година, го прославуваме во радоста на единството со сите останати помесни православни цркви. Му благодариме на воскреснатиот Христос бог поради тоа, и просиме неговата благодат богато да се излева врз православниот македонски народ, но и врз сите што живеат на просторите на нашата Македонија, и да нè сочува од разните поделби и непријателства. Единството во православието и признавањето на нашиот автокефален статус нека ни бидат поттик за градење и за чување на нашето духовно и национално единство“, изјави ставрофор Сашко Николовски.

Годинава за прв пат директно од Ерусалим беше донесен светиот Благодатен оган од базиликата на Христовиот Гроб.

Христовото воскресение на полноќ беше објавено во сите храмови на македонската православна црква. Со радосниот поздрав Христос воскресна, навистина воскресна верниците го дочекаа најголемиот христијански празник – Велигден.

 

Андријана Ѓурческа