СУДАН

Жртви во судирите меѓу армијата и паравојската

16.04.2023 11:28

Војската ги демантира тврдењата на РСФ дека ја зазеле претседателската палата, резиденцијата на воениот командант, државата телевизија и неколку аеродроми во Картум...

Цивилни и воени жртви во вооружените судири меѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) во градот Омдурман кои се борат за власт, додека политички фракции преговарааат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година. Војската ги демантира тврдењата на РСФ дека ја зазеле претседателската палата, резиденцијата на воениот командант, државата телевизија и неколку аеродроми во Картум. Меѓународната заедница повика на итен прекин на насилствата.

„Големите партии во Картум пред неколку недели постигнаа битен рамковен договор за премин кој цивилна влада. И постои вистински напредок. Зборував со генерал Бурхан и остануваат некои важни прашања. Но постои вистинска можност да се оди напред“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Последните ескалации дополнително ја влошуваат кризата во Судан кој се бори и со економски проблеми и племенско насилство, а ги усложнуваат и процесите за организирање нови избори.