Против Грузија за два од два

10.05.2014 09:46

Откако го совладаа Азербејџан со убедливи 3-0 во првото коло, македонските одбојкари денеска ќе играат со Грузија на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Италија и во Бугарија со 2015-та. Како и во вчерашниот дуел во салата „Парк“ во Струмица, нашата селекција е голем фаворит за освојување на бодовите коишто ќе овозможат директна пресметка со Шведска за првата позиција во групата.
 
Иако во националниот тим не се Симовски и Урдов, а Јосифов настапува недоволно подготвен поради повреда, Азербејџанците вчера немаа решение за расположените Никола Ѓорѓиев, Владо Милев, Александар Милков... Со оглед дека квалитетот на Грузијците не би требало значително да се разликува од оној со којшто располага Азербејџан, реално е да се очекува Македонија да ја забележи втората победа во групата. Истиот однос на силите го имаат и Шведска и Азербејџан. „Викинзите“ го потврдија високото ниво на премиерта со Грузија, па ако се биде според проценките, Македонија и Шведска утре ќе реешаваат за првото место коешто води во наредниот квалификациски натпреварувачки сегмент. 
 
„Очекувам дека од меч во меч ќе играме подобро. Немавме комплетни подготовки, па задоволен сум од вчерашното издание против Азербејџан. Ако ја повториме играта, а сакаме да ја подобриме, тогаш не би требало да стравуваме за вториот триумф во Струмица“, оптимист е капитенот на македонската селекција Никола Ѓорѓиев.
 
Натпреварот Македонија – Грузија почнува во 18 часот, а десетина минути порано преносот на Собранискиот сервис на МРТ.