Мексико

Масакр на јавен базен во Мексико

16.04.2023 11:49

Напаѓачите се во бегство, а мотивот е непознат...

Најмалку седум луѓе се убиени, меѓу кои и едно дете, кога вооружени напаѓачи отвориле оган во јавен базен во градот Кортазар, во мексиканската држава Гуанахуато. Напаѓачите се во бегство, а мотивот е непознат. Во Гуанахуато се зачестени судирите меѓу ривалските нарко банди.