ИНДИЈА

Политичар убиен во телевизиски пренос

16.04.2023 13:06

Атик Ахмед, поранешен индиски политичар, и неговиот брат Ашраф беа убиени за време на пренос во живо додека даваа изјави за медиумите, и пред толпата полицајци, кои ги придружуваа...

Атик Ахмед, поранешен индиски политичар, и неговиот брат Ашраф беа убиени за време на пренос во живо додека даваа изјави за медиумите, и пред толпата полицајци, кои ги придружуваа. Тројцата осомничени кои се претставиле како новинари, се предале и се приведени.

Властите наредија судска истрага за убиствата и забранија големи собири во областа Утар Прадеш. Двајцата браќа беа обвинети за убиство и напад.