временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
17.04.2023 08:46
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
