празник

Денес се празнува вториот ден од Христовото воскресение

17.04.2023 09:07

Велигденскиот понеделник или наречен Светол Понеделник е втор ден на славење, втор ден Велигден. Ден кога се практикуваат разни обичаи, кои се исти како и за Велигден...

Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Меѓу народот е познат како Светол понеделник. И на овој ден се практикуваат разни обичаи. Со зборовите „Христос воскресна, навистина воскресна“, православните христијани ја споделуваат радосната вест и го прославуваат најсветлиот и најголемиот празник.

Вчерашниот ден беше посветен за најблиското семејство, на овој ден пак, домаќини се кумови, роднини и пријатели. Граѓаните си посакуваат здравје, среќа и нова надеж.