СУДАН

Продолжуваат борбите во Судан

17.04.2023 09:40

Во борбите загинаа речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН...

Продолжуваат вооружените пресметки меѓу војската и паравојската во Судан. Во борбите загинаа речиси стотина луѓе, меѓу кои и тројца хуманитарни работници на ОН. Светската програма за храна на ОН ја суспендира помошта. Двете страни објавија дека го прифаќаат барањето на ОН за воведување тричасовна „хуманитарна пауза“ за да се овозможи евакуација на повредените. Во Картум е запрено снабдувањето со вода и струја. Немири се регистрирани и во Дарфур во западниот дел од земјата.

„Што и да се случи сега, Судан не е веќе истиот по промената од април 2019 година. Засекогаш се збогувавме со диктатурата. Можеби ќе се менуваме, ќе имаме препреки, но никогаш нема да бидеме поразени“, изјави Абдала Хемдок, поранешен премиер на Судан.

Во 2019 година по тридецениска диктатура со народен бунт беше соборен Омар ал Башир.