ЈАПОНИЈА
Самит на Г7
17.04.2023 09:53
Шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени земји се обврзаа да ја спречат Русија да ги избегнува економските санкции и да ја запрат доставата на оружје за Москва преку трети земји...

Шефовите на дипломатиите на седумте најразвиени земји се обврзаа да ја спречат Русија да ги избегнува економските санкции и да ја запрат доставата на оружје за Москва преку трети земји.
На вториот ден од тридневниот состанок во Каруизава, централна Јапонија, министерот за надворешни работи на земјата-домаќин, нагласи дека е важно да се зајакне соработката на Г7 со групата држави познати како „Глобален Југ“ во спротивставувањето на Русија.
