Општините да вложуваат во модернизирање на зелените пазари
Безбедни работни услови за трговците, пријатен амбиент за купувачите – ова се стандардите за еден модерен зелен пазар. Вложувањето во пазарите може да донесе поголема заработка за општините…

Зелените пазари не се само место на тргување, тие се лице на еден град и мора да се модернизираат, велат од Стопанската комора. Одржувањето на хигиената е проблем на сите пазари, но со модернизирање, од отпадот може да се заработува.
Дел од општините во источниот регион вложуваат во модернизирање на зелените пазари. Таков е случајот со пазарот во Берово, во Делчево се изгради целосно нов покриен пазар, во тек е изградба на нов пазар и во Виница, а во Пробиштип со години се тргува во современ покриен пазар. Во регионот, најмногу реакции има за лошите услови на пазарот во Кочани.
Економската криза ги запре општинските планови за обнова на пазарот, поголеми зафати се планираат за наредната година.
Покриените зелени пазари во последно време стануваат атрактивни и како потенцијални локации за фотоволтаични панели.
Славица Величковска
