Мокрински извори

Мокринските извори на Беласица станаа достапни и за лица со инвалидитет

17.04.2023 10:55

Мокринските извори на Беласица станаа достапни и за лицата со инвалидитет. Изградена е пристапна патека но и соодветни летниковци за овие лица. Како што кажа градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов со ова се отвора можноста оваа природна убавина да биде достапна за сите посетители...

За првомајските празници Мокринските извори на планината Беласица ќе бидат достапни и за лицата со инвалидитет. Вака соопшти првиот човек на Ново Село, Ѓорѓе Божинов потенцирајки дека е изградена пристапна патека до ова природна реткост но и летниковци за овие лица.

Според градоначалникот Божинов со изградбата на пристапната патека но и дополнителните летниковци и урбана опрема значително ќе се подобри посетеноста на Мокринските извори.

Уредувањето на Мокринските извори се реализираше во пакет со Колешинскиот водопад преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за што се потрошени околу 4 милиони денари.

 

Ване Трајков