МВР

Приведени тројца дилери во Гостивар, пронајден кокаин

17.04.2023 12:03

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР...

Вчераво 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул. „Илинденска“ во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с. Лакавица и А.Б. (32) од с. Здуње. Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути. 

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.