Москва

25 години затвор за рускиот опозиционер Карамуза

17.04.2023 20:38

Рускиот опозициски активист, Владимир Карамурза е осуден на 25 години затвор за предавство поради критиките на војната во Украина...

Рускиот опозициски активист, Владимир Карамурза е осуден на 25 години затвор за предавство поради критиките на војната во Украина. Поранешниот новинар е последниот од многуте противници на Путин кои се соочија со затворски казни или ја напуштија земјата. Карамурза го негираше обвинението. Пред Московскиот суд тој рече дека останува на секој збор што го кажал и е горд на тоа.

25-годишната затворска казна е максимумот што го бараше Обвинителството. ЕУ ја осуди драконската пресуда, Обединетите Нации побараа Москва да го ослободи Карамузра.