Блинкен: Пукано e врз американски дипломатски конвој во Судан
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња. Во инцидентот нема повредени...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња. Во инцидентот нема повредени.
Блинкен разговарал со генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шефот на преодниот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка, предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, и ги повикал двајцата лидери да се согласат на прекин на огнот. Во меѓувреме, борците на суданските паравоени сили за брза поддршка отворија оган против воени беспилотни летала во Картум. Речиси 200 лица се убиени, а над 1.800 ранети од стартот на борбите.
