Украина

Путин ги посети руските воени штабови во Украина

18.04.2023 09:03

Рускиот претседател Владимир Путин ги посети воените штабови во украинските региони Херсон и Луганск, кои делумно се под контрола на руската војска...

Рускиот претседател Владимир Путин ги посети воените штабови во украинските региони Херсон и Луганск, кои делумно се под контрола на руската војска. Шефот на Кремљ присуствуваше на воениот команден состанок во регионот Херсон за да ги слушне извештаите од командантот на Воздухопловните сили и армиската група „Дњепар“ и други високи офицери за ситуацијата во регионите Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија.

Во меѓувреме, НАТО испрати војници во осум земји кои граничат со Русија.