Г7

Г7: Критика за руската реторика, од Кина бараат одговорно однесување

18.04.2023 09:09

Министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија и ја повикаа Кина да дејствува како одговорна членка на меѓународната заедница...

Министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени земји (Г7) ги осудија неодамнешните најави на Русија за стационирање нуклеарно оружје во Белорусија и ја повикаа Кина да дејствува како одговорна членка на меѓународната заедница.

На тридневната средба во јапонското одморалиште Каруизава, побараа да не се преземаат мерки за насилно менување на светскиот поредок. Самитот на лидерите на Г7 е закажан во Хирошима во мај.