Фрамција

Францускиот претседател Макрон не се откажува од пензиските реформи

18.04.2023 09:11

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази разбирање за револтот на народот поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, но и натаму инсистира дека тоа е потребно да се спроведе...

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази разбирање за револтот на народот поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, но и натаму инсистира дека тоа е потребно да се спроведе.

Синдикатите најавија интензивирање на протестите. Пензиските измени беа усвоени во законот во саботата, ден откако Уставното тело на земјата отфрли некои делови од законодавството, но ја одобри повисоката минимална возраст за пензионирање.