Промоција

Промоција на збирката раскази „Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ

18.04.2023 10:59

Расказите од оваа книга покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува. Авторот во Париз ја наоѓа логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно, каде важи логиката на невозможното...

Вечер, во киното „Фросина“ ќе биде промовирана збирката раскази „Вонземјанки-раскази од Латинскиот кварт“. Промотор ќе биде Гоце Смилевски.

Расказите од оваа книга покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува. Авторот во Париз ја наоѓа логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно-каде важи логиката на невозможното.

Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составена од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултуплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката успева да оствари маестрална проза, напиша Гоце Смилевски во предговорот на книгата.