Кошарка

Партизан го совлада Задар

18.04.2023 11:25

Кошаркарите на Партизан ја забележаа 23. победа во АБА лигата откако славеа на гостувањето кај Задар со 78-88...

Кошаркарите на Партизан го совладаа тимот на Задар со 88:78 во 26 коло од регионалната АБА лига. Кошаркарите на Партизан ја забележаа 23. победа во АБА лигата откако славеа на гостувањето кај Задар со 78-88.

Со тоа „црно-белите“ стигнаа на чекор до осигурување на првата позиција на табелата која воедно носи и предност од домашен терен во текот на целиот плеј-оф за титула.

Партизан е прв на табелата во регионалната лига со 23 победи и два порази, додека Задар е на седмото место кое води во плеј-офот со 11 победи и 15 порази.