Лесно и против Грузија
Македонските одбојкари ја остварија целта и во второто коло од квалификацискиот турнир за Европското првенство во 2015-та. Ја совладаа Грузија со 3-0, лесно, убедливо, со рутинска игра подготвувајќи се за утрешното дерби со Шведска. Противникот не беше на ниво, па селекторот Жарко Ристовски им даде шанса на сите 12 репрезентативци кои имаа можност да влезат во потребниот ритам пред решавачкиот дуел на струмичкиот турнир.

„Ја очекувавме оваа победа, но и знаевме дека ќе ја оствариме лесно. Сепак, и покрај тоа што денеска само трениравме, ги воочивме елементите во играта којшто треба да ги поправиме за да бидеме успешни против Швеѓаните, но и во натамошните натпревари“, анализираше техничарот на црвено – жолтите Филип Деспотовски.
Во салата „Парк“ се беше според очекувањата и во првиот меч од денешната програма. Шведска немаше проблем со Азаербејџан и победи со 3-0, 25-16, 25-15 и 25-17. И со овој настап „викинзите“ потврдија дека се единствениот вистински ривал за Македонија во одбидот да се пласира во вториот квалификациски натпреварувачки сегемнт. Со оглед на квалитетот и на досегашните резултати, многу веројатно е нашата репрезентација да ги продолжи квалификациите дури и со евентуален пораз од Швеѓаните. Според системот на натпревари, во новоформираните групи од втората фаза ќе одат и две од трите второпласирани селекции во оваа квалификациска рунда.