Јапонски блесок во Мадрид!
Кеи Нишикори го игра тенисот на картиерата и затоа првпат са пласираше во финале на турнир од мастерс серија 1000. Јапонецот го совалада Давид Ферер со 2:1 и утре против Рафаел Надал ќе игра за трофејот на Мадрид Опен.
Во несекојдневен меч во којшто имаше повеќе неизнудени грешки од Ферер (56-33), Нишикори ги освои речиси сите важни поени иако за четвртата победа во седумте меѓусебни дуели му беа потребни дури десет меч топки, од нив девет по последниот гем.

Шпанецот почна фуриозно со водство од 5:2, но оддеднаш влезе во криза којашто на Нишикори му овозможи серија од 5:1 и прв сет со 7:6. Во вториот, Јапонецот беше на поен до триумф, но ферер с езивлеќе и го доби со 7:5. Клучен во решавачкиот сет беше брејкот на Нишикори за 4:2 којшто го однесе Јапонецот до 14-та врзана победа.
Без разлика на утрешниот резултат во мечот со Надал против кој доосега ги загуби сите шест пресметки, Нишикори од понеделник ќе биде првиот Јапонец во Топ 10 на АТП листа во историјата на модерниот тенис или попрецизно минимум девети.
Финалето на 13-то издание на Мадрид Опен стартува во 19 часот и 15 минути, а директното вклучување во него, по преносот од одбојкарскиот натпревар Македонија – Шведска којшто ќе почне во 18 часот на МРТ собранискиот сервис.