Филм

„Јанѕа“документарен филм посветен на Блаже Конески

18.04.2023 13:50

Сплотеноста е завет на Конески – ова е пораката на документарниот филм „Јанѕа“ посветен на еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Не е случаен насловот на филмот, „Јанѕа“ е меѓу најчесто користените зборови во литературното творештво на Конески. Филмот не е само автобиографски, туку претставува патување низ времето...

Сплотеноста е завет на Конески – ова е пораката на документарниот филм „Јанѕа“, посветен на еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Не е случаен насловот на филмот, „Јанѕа“ е меѓу најчесто користените зборови во литературното творештво на Конески. Филмот не е само автобиографски, туку претставува патување низ времето.

„Јанѕа“ е метафора која нуди различни толкувања од мака до радост – вели професорот Спасов кој имал чест да го познава врвниот прозаист и поет од најрани години и приватно, но и професионално.

Документарниот филм во чест на величината во македонската литература е сниман три години, премиерата закажана за биде утре во 20 часот во Кино Милениум. Финансиски е поддржан и од Агенција за филм.

 

 

Александра Велинова