Прилеп: Слободен влез за осум музејски поставки
По повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска слободен влез во сите музеи во земјава. Годинава, фокусот е на темата „Промените на културното наследство“, која ги опфаќа прашањата за културното наследство, кои се отвораат со климатските промени. Слободен влез и во осумте прилепски музејски поставки...

Повеќе вложување во археолошките и сите културни истражувања, едукација и презентација, а недостасуваат и стручни водичи да ги раскажат приказните за богатото културно наследство. На меѓународниот ден на културното наследство, ширум се отворени и 8-те прилепски музејски поставки.
Дел граѓани се пред музејските докази за културното наследство, други немале време, трети се за поголемо вложување во наследството и едукацијата.
Лани, во прилепските музејски поставки биле околу 4.000 посетители.
Елизабета Митреска
