здравје

Домат – вкусна и лековита намирница

18.04.2023 16:06

Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар. Редовно јадење домати го штити срцето. ..

Доматот е намирница која во себе содржи многу малку масти, калории и холестерол, а обилува со витамини А и Ц, со бета каротин и минерали. Еден средно голем свеж домат има само 25 калории, а е одличен извор на витамини, минерали и други корисни и лековити состојки.

Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар. Редовно јадење домати го штити срцето. 

Кај нас доматот доста се одгледува и често се користи во исхраната, било како свеж, во форма на сок или како додаток на јадењата.

Доматот ја подобрува работата на цревата. Тој е природно средство за полесно празнење на цревата, па им користи на лицата кои патат од запек и хемороиди.

Поволно делува и на високиот крвен притисок.

Четири домати на ден се доволни, бројните антиоксиданти што ги содржани очигледно се одговорни за овој ефект. Ја стимулира функцијата на панкреасот, ја подобрува циркулацијата во организмот. Доматот е природен лек и за слабокрвноста, а ја регулира и шеќерната болест.

Постојат повеќе видови на домат коишто се одгледуваат ширум светот.