Кина

Над 20 загинати во пожар во болница во Пекинг

18.04.2023 20:18

Според кинеските власти, болничкиот персонал успеал да спаси 71 пациент...

Над 20 загинати во пожар во болница во Пекинг. Според кинеските власти, болничкиот персонал успеал да спаси 71 пациент. Сè уште не е позната причината за несреќата.

Според кинеските медиуми, во моментот кога настанал пожарот луѓето во паника избезумено се искачувале по прозорците користејќи импровизирани јажиња направени од постелнина, неколкумина од нив се засолниле во отворите за вентилација.