Шведска е вистинскиот тест
Откако во претходните натпревари се загреваа против Азербејџан и во дуелот со Грузија, македонските одбојкари денеска ќе го имаат единствениот вистински тест на квалификацискиот турнир за Европското првенство во 2015-та. Противник ќе им биде Шведска, која исто како и нашата репрезентација немаше проблеми во претходните два настапа.

Победникот од дербито ќе обезбеди пласман во групите од втората фаза, но со оглед на убедливите резултати на Македонија и на Шведска досега, многу веројатно е тоа да го оствари и поразениот, ако се има предвид дека првиот филтер ќе го минат и две од трите второпласирани репрезентации.
„Треба подобро да сервираме и да го запреме нивниот најдобар играч Нилсен. Ако го сториме тоа, ќе завршиме голема работа и верувам дека ќе ги добиеме и Швеѓаните“, прогнозира нашиот репрезентативец Вук Карановиќ.
Во другиот дуел од нашата група Азербејџан и Грузија ќе играат за својата чест и прват ќе имаат шанса да покажат нешто повеќе, затоа што досега беа лесен плен за објективно посилните ривали. Вистинските вобудувања од салата „Парк“ во Струмица, сепак, ќе бидат на пресметката меѓу Македонија и Шведска. За оние што нема да ги бодрат нашите репрезентативци од трибините, преносот на МРТ е на Собрансикиот сервис, некоја минута пред 18 часот.