Македонија
Презентација на Годишниот извештај за слобода на информирање на Западен Балкан
19.04.2023 09:14
Во Скопје денеска ќе биде презентиран годишниот извештај на БИРН за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година...

Во Скопје денеска ќе биде презентиран годишниот извештај на БИРН за слобода на информирање на Западен Балкан за 2022 година.
Предвидени се две сесии, првата ќе биде посветена на презентација на извештајот, а втората е предвидена за дискусија за пречките и активностите во рамки на иницијативата „Отворено владино партнерство“.
Ќе присуствуваат новинари од повеќе земји, како и комесарот за информации во Северна Македонија, Пламенка Бојчева, и Лидија Љумовиќ, директор на Дирекција за иновации, отвореност на јавната администрација и соработка со невладини организации, Министерство за јавна администрација во Црна Гора.
