Македонија
Земјотрес утрово во околината на Штип
19.04.2023 09:33
Во 4 часот и 22 минути утрово дел од жителите во општина Штип ги разбуди земјотрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер...

Во 4 часот и 22 минути утрово дел од жителите во општина Штип ги разбуди земјотрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер.
Епицентарот е во Штип, на длабочина од 2 километри.
Дел од граѓаните на ЕМСЦ пишуваат дека ги разбудило од сон и дека било јако и страшно.
Изминативе две недели ова е петти пат да има слаб земјотрес кај Штип. Сеизмолозите смируваат, додавајќи дека станува збор за редовна сеизмичка активност.
