Судан

Борбите продолжуваат во Судан и покрај договореното примирје

19.04.2023 09:51

Борбите во Судан продолжија и покрај договорениот прекин на огнот од завојуваните страни на 24 часа...

Борбите во Судан продолжија и покрај договорениот прекин на огнот од завојуваните страни на 24 часа. Во Картум се слушале експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требало да стапи на сила прекинот на огнот.

Неочекуваната ескалација на борбите во Судан принуди многу луѓе да се кријат во своите домови и во јавни згради. Илјадници луѓе се без пристап до храна и здравствена заштита.