ФИЛМ

Објавен трејлерот за македонскиот филм „Преекспонирано“

19.04.2023 09:53

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова наскоро ќе се најде во македонските кина, а сега може и да се погледне возбудливиот трејлер кој остава многу неодговорени прашања...

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова наскоро ќе се најде во македонските кина, а сега може и да се погледне возбудливиот трејлер кој остава многу неодговорени прашања.

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година.

„Преекспонирано“ вчера се прикажа и на новиот филмски фестивал Еуразја во Варшава, Полска, а ќе се натпреварува и на фестивалот „КинЕст Фест“ во Катанија, Сицилија.

Филмот ќе се најде во македонските кина на 27 април.