Пекинг
Загинати пациенти, медицински лица и посетител во болница во Пекинг
19.04.2023 09:54
Наредена е истрага за причините на еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните неколку години...

Десетици луѓе загинаа во големиот пожар во болница во Пекинг.
Меѓу жртвите се 26 пациенти, една медицинска сестра, медицински техничар и посетител. Наредена е истрага за причините на еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните неколку години.
Пожарот во приватната болница избил во источното крило. Екипи евакуирани биле над 70 луѓе, а многумина скокале од прозорците во обид да се спасат од огнената стихија.
