Оглас

Објавен оглас за работници за автопатите на Бехтел и Енка

19.04.2023 09:55

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување на работници што ќе работат на изградба на четирите автопатишта од коридорите 8 и 10д. Работното време е дефинирано на 40 часа неделно, додека најплатена позиција е на главниот инженер, којшто според наведеното ќе има плата од околу 70 илјади денари за осум часа дневно...

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување на работници што ќе работат на изградба на четирите автопатишта од коридорите 8 и 10д. Работното време е дефинирано на 40 часа неделно, додека најплатена позиција е на главниот инженер којшто според наведеното ќе има плата од околу 70 илјади денари за осум часа дневно. Вработувањата ќе траат до завршувањето на проектот, како што пишува во огласот, до 22 јануари 2028.

Проектот за изградба на делниците ќе ја чини државата 1,3 милијарди евра. Со договорот се опфатени делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола. Вчера беше одложена расправата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, на која требаше да се разгледаат измените на Законот за работни односи. Со новините предложени од група пратеници, се предлага прекувремената работа да може да трае повеќе од 190 часа годишно за работи од национален и стратешки интерес за државата, по писмена согласност на работникот.