САД

Жртви при уривање на катна гаража во Њујорк

19.04.2023 10:02

Најмалку едно лице загина, а петмина биле повредени при делумно уривање на катна гаража во Њујорк...

Најмалку едно лице загина, а петмина биле повредени при делумно уривање на катна гаража во Њујорк. Во моментот на несреќата во објектот имало шест лица, едно починало, четворица се пренесени во болница, а еден одбил лекарска помош.

Според њујоршката противпожарна служба, операцијата за спасување била исклучително опасна за пожарникарите, а објектот на гаражата многу нестабилен.