Борење

Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење во Загреб

19.04.2023 10:40

Магомедов во борбата за бронзата го победи Арман Авагјан од Ерменија со 7:4. Патот до бронзениот медал на Магомедов беше победа над Станислав Новац од Молдавија, па пораз од Кугиумцидис од Грција, триумф во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија и синоќешната победа над Авагјан...

Македонскиот репрезентативец Ахмад Магомедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење што се одржува во Загреб, Хрватска.

Магомедов во борбата за бронзата го победи Арман Авагјан од Ерменија со 7:4. Патот до бронзениот медал на Магомедов беше победа над Станислав Новац од Молдавија, па пораз од Кугиумцидис од Грција, триумф во репасажот против Габриел Рамос од Шпанија и синоќешната победа над Авагјан.