Изложба

Самостојна изложба на Сергеј Андреевски во Солун

19.04.2023 11:05

Самостојната изложба „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, ќе биде отворена во општината Каламариа во Солун. Делата ќе бидат поставени од 21 до 29 април...

Самостојната изложба „Неизложени дела на хартија“ на македонскиот сликар Сергеј Андреевски, во петок ќе биде отворена во општината Каламариа во Солун. Делата ќе бидат поставени од 21 до 29 април. Изложбата ќе ја отвори меѓународно познатиот архитект и фотограф Харис Савидес од Атина.

Оваа поставка е продолжение на големото, ретроспективно претставување со наслов „Хартии“ што се случи во мај минатата година во Скопје. Голем дел од селектираните дела не можеа да бидат изложени во музејот на македонската борба заради лимитираниот простор и тие дела се претставуваат во Солун. Тоа се цртежи и слики од различни творечки фази и тематски циклуси, главно инспирирани од патувањата на авторот низ светот.