САД
Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари поради изборни лаги
19.04.2023 11:05
Американскиот телевизиски канал „Фокус Њуз“ ќе плати 787,5 милиони долари по тужбата за клевета поднесена од компанијата за гласачки машини „Доминион“...

Американскиот телевизиски канал „Фокус Њуз“ ќе плати 787,5 милиони долари по тужбата за клевета поднесена од компанијата за гласачки машини „Доминион“.
Компанијата тврди дека бизнисот бил оштетен од страна на „Фокс Њуз“ поради лажни тврдења дека гласањето на претседателските избори во САД во 2020 година било наместено против Доналд Трамп.
Прифаќањето на „Фокс Њуз“ да ја плати сумата е најголемата јавно позната спогодба за клевета во историјата на САД во која е вклучена медиумска компанија.
