Германскиот синдикат за петок најави национален штрајк на железницата
Штрајкот ќе опфати 50 компании и ќе трае осум работни часа, соопшти германската синдикална организација. Тие најавија дека патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата...

Германскиот синдикат на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге за во петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јавува германската новинска агенција ДПА.
Штрајкот ќе опфати 50 компании и ќе трае осум работни часа, соопшти германската синдикална организација. Тие најавија дека патниците треба да бидат подготвени за одложувања и откажувања на патувањата.
Високата инфлација во Германија предизвика бран штрајкови во последниве месеци, бидејќи работниците бараат повисоки плати за да ги надоместат зголемените трошоци за живот.
Синдикатот Е Фау Ге кој преговара во име на 230.000 луѓе, бара зголемување на платите за 12 отсто, или најмалку дополнителни 650 евра од нивните месечни плати.
