Претседателот Иванов утре го почнува вториот мандат
11.05.2014 15:55
Собранието на Република Македонија утре треба да одржи седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на државата Ѓорге Иванов.
Со давањето свечена изјава пред законодавниот дом, Иванов и формално ќе го почне вториот петгодишен мандат како шеф на државата.
Ѓорге Иванов, кој беше кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е повторно избран на изборите што се одржаа на 13 односно 27 април. Тој освои 534.910 гласови, додека неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски 398.077 гласови