Општество

Повици за позасилена борба со корупцијата

19.04.2023 14:33

Северна Македонија малку прави за справување со корупцијата, овој став на еврокомесарот јавно го искажа на работниот состанок во владата за спроведување на препораките од ЕУ за борба против корупцијата. Вицепремиерката за политики за добро владеење Грковска не е задоволна од работата на надлежните институции коишто треба да се борат против корупцијата, поради што сè уште е мала довербата на јавноста во владеењето на правото...

Разочарувачки е што по сите препораки на Европската комисија, сè уште се прави многу малку – евроамбасадорот Гир ги прозва надлежните институции да ги зајакнат напорите за сузбивање на корупцијата.

И вицепремиерката за политики за добро владеење не е задоволна од работата на институциите за борба против корупцијата. На новинарско прашање дали го одобрила договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридорите 8 и 10-Д, таа се огради дека при неговото склучување не била во државата.

Сите на работниот состанок се согласни дека справувањето со корупцијата треба да се направи за граѓаните, а не за членството во ЕУ, но признаваат дека довербата на јавноста во владеењето на правото е на многу ниско ниво.

 

 

 

Ирина Гелевска