Собрание

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со безбедносни сертификати го бараат на увид договорот за изградба на коридорите

19.04.2023 14:45

Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат безбедносни сертификати бараат од власта да им го даде на увид договорот со “Бехтел и Енка“. Во Собраниската комисија расправа за корекциите на Законот за минерални суровини потребни за коридорите. Власта вели, целта е да се овозможи поголема ефикасност и да се забрза проектот...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, писмено побара од премиерот Ковачевски да им го достави на пратениците, со безбедносен сертификат, договорот за коридорите што треба да ги гради „Бехтел и Енка“. Оттаму, рекоа дека според Уставот, тие имаат право и должност да го контролираат работењето на Владата.

Во Собраниската комисијата за економски прашања, расправата за измените на Законот за миниерални суровини, потребни за изградба на коридорите. Мнозинството ги брани предлозите. Целта е да се скратат роковите за доделување концесии за геолошко истражување и за директен договор со „Бехтел и Енка“, во одредени случаи.

Поднесени се четири амандмани. Опозицијата предупреди на опасност од корупција.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека тие нема да ги свикуваат комисиите коишто ги водат, сè додека не го добијат договорот за да можат да оценат, дали е штетен по интересите на државата.

 

Игор Панов