Слободен пристап до информации

Транспарентноста на институциите зависи од политичката волја, велат новинарите од Балканот

19.04.2023 14:56

Истражувањето на Балканската истражувачка мрежа, покажало дека сè уште има проблем со институционалната транспарентност во земјите на Балканот. Новинарите не се откажуваат и велат дека ќе продолжат со упорноста...

Државните институции ги кријат јавните информации како змија нозе. Ваков е заклучокот од истражувањето на Балканската истражувачка мрежа, која врз база на лични искуства од нивните новинари од сите шест земји на Балканот, покажал дека проблем со институционалната транспарентност сè уште има.

Директорката на македонската Aгенција за заштита на правото до слободен пристап до информации, вели дека во време на развиена технологија, нелогично е интернет страниците на државните институции да зјаат празни, наместо да изобилуваат со информации.

Новинарите од Балканот, велат дека најголем проблем е тоа што транспарентноста на институциите зависи од политичката волја.

Новинарите не се откажуваат и велат дека ќе продолжат со упорноста, оти тоа им следува и ним и на граѓаните. Јавните информации не смеат да останат тајни.

 

Катерина Топалова