Во Струга се отвори Месната индустрија Билјанови
11.05.2014 16:04
Во Струга денес се отвори Месната индустрија Билјанови која инаку има шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи. Младиот Славе Билјаноски, тргајќи ги стереотипите настрана, наместо да замине во странство, тој со помош на поволните кредити кои ги обезбедува Владата на Р.Македонија, отвори своја фабрика за месни и сувомеснати производи.

Во Струга денес се отвори Месната индустрија Билјанови која инаку има шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи. Младиот Славе Билјаноски, тргајќи ги стереотипите настрана, наместо да замине во странство, тој со помош на поволните кредити кои ги обезбедува Владата на Р.Македонија, отвори своја фабрика за месни и сувомеснати производи.
И кога сите ми викаа да заминам во Скопје после завршувањето на мојот факултет или надвор од нашата земја, јас сепак решив да останам во Струга и да ја продолжам нашата шест генерациска традиција поврзана со месо и месни производи, благодарение на кредитот и поволностите кои ги дава Владата на РМ, ја отворивме оваа фабрика, вика младиот директор Славе Билјаноски.
- Пред скоро година и половина на ова парче земја поставивме камен темелник на фабриката за производство на месни и сувомесни производи. Особена финансиска помош за нас беше користењето на инвестиционен кредит за мали и средни претпријатија со повластена каматна стапка од државната Македонска банка за поддршка на развојот, вика младиот директор Славе Билјаноски на месната индустрија Билјанови Струга.
Со подостапен капитал нашите идеи можат да станат реалност, а ова секако ќе значи и подобрување на бизнис климата.
- Владата на Р. Македонија со своите заложби таму каде што на стопанствениците им е најпотребно, успеала и овој погон кој денеска е најдобар пример во потребите за обезбедување на ефикасни, достапни и со поволна камата прифатливи средства, рече пратеникот Антонио Милошовски.
Со отворање на нови 30 работни места ова е добар почеток на инвестициите кои се планирани во струшкиот регион.
- Ова само ќе биде позитивен чекор напред за она што се најавува како инвестициски бум во наредните години во Струга. Тоа ќе придонесе секако за развојот на економијата во Струга и намалувањето на невработеноста во овој регион, рече пратеничката Лилјана Затуровска.
Со отворањето на оваа месна индустрија во струшкиот регион ќе заживее целото сточарство на потегот од Прилеп до Дебар.
Новинар: Јованчо Наумоски
